ОФИЦИЈАЛНО: Борче Христов е нов тренер на ФК Пелистер

Искусниот стратег Борче Христов е назначен за нов тренер на македонскиот фудбалски второлигаш Пелистер.

Христов има повеќе ангажмани во минатото, последно го водеше Тиквеш, а претходно работеше во Борец, Работнички, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија, додека во меѓународната кариера работеше во Карабах и Зира.

Христов ќе има тешка задача да го врати битолскиот гигант во елитата следната сезона.

Се вчитува...