ОФИЦИЈАЛНО: Дарко Чурлинов е нов фудбалер на Погон Шчечин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално беше промовиран како нов играч на полскиот суперлигаш Погон Шчечин.

Чурлинов се врати во Полска, откако во сезоната 2024/25 беше дел од екипата на Јагелонија Бјалисток, но овој пат во дресот на Погон.

Чурлинов во кариерата играше за Штутгарт, Шалке 04, ФК Барнли, а во полска доаѓа од редовите на  турски Коџаелиспор. На своето конто има и 42 настапи за репрезентацијата на Македонија.

Се вчитува...