Официјално: Давид Алаба е „крал“ (ФОТО)

Австрискиот интернационалец Давид Алаба во иднина ќе ги брани боите на Реал Мадрид откако денеска и официјално го потврди она што долго време беше познато и стави потпис со „кралскиот“ клуб за следните пет години.

Алаба во Мадрид доаѓа од редовите на Баерн Минхен, клуб во кој ја помина целата сениорска кариера и ќе биде големо засилување за мадридскиот состав кој оваа сезона се намачи во одбраната.

Се вчитува...