Официјално: Џек Грилиш во дресот на Евертон

Џек Грилиш го комплетираше потписот со тимот на Евертон. Крилниот фудбалер на Манчестер Сити кој беше скапо платен, ќе игра како позајмен на „Гудисон“ следната сезона.

29-годишниот Грилиш може да остане во Евертон и по завршувањето на идната сезона, со оглед дека има клаузула за евентуален откуп од 50 милиони фунти.

Грилиш мина четири сезони во Манчестер Сити, кого го купи за 100 милиони фунти од Астон Вила. Со тимот освои седум трофеи, сметајќи го пехарот во ЛШ и три титули во Премиерлигата.

Се вчитува...