Официјално: Џон Стоунс стана член на Интер

Италијанскиот шампион Интер официјално го потврди ангажманот на англискиот репрезентативец Џон Стоунс, кој пристигнува како слободен агент по истекот на договорот со Манчестер Сити. Искусниот стопер потпиша договор со „нераѕурите“ до 30 јуни 2028 година.

За 32-годишниот дефанзивец ова ќе биде прв предизвик надвор од Англија, каде што досега настапуваше за Барнсли, Евертон и Манчестер Сити. Со „граѓаните“ помина една деценија и освои бројни трофеи, меѓу кои и шест титули во Премиер лигата и трофејот во Лигата на шампионите.

Минатата сезона Стоунс имаше проблеми со повреди и забележа само девет настапи во Премиер лигата, по што реши да ја прифати понудата на Интер и да започне ново поглавје во кариерата.

Во Интер очекуваат дека неговото огромно искуство и лидерски квалитети ќе бидат значајно засилување за одбраната во пресрет на новата сезона, во која клубот ќе се бори за трофеи во Серија А и Лигата на шампионите.

Се вчитува...