Веќе нема никакви дилеми, Столе Димитриевски останува во Валенсија откако поранешниот шпански првак реши да ја активира клаузулата за да го задржи Македонецот уште две години на „Местаља“.
Димитриевски не добиваше шанса каква што заслужуваше во првите 18 месеци од авантурата во овој клуб, но ситуацијата се промени во вториот дел од изминатата сезона, Столе конечно доби натпревари во континуитет и максимално ја искористи укажаната доверба.
За неговите усуги се интересиаа неколку клубови ширум Европа предводени од Олимпик Мареј, но управата на Валенсија реши да го задржи Димитриевски.
„Можеме да потврдиме дека ја искористивме можноста за продолжување на договорот со Столе Димитриевски за уште две сезони, што значи дека македонскиот голман ќе остане во клубот до јуни 2027. Со неговото искуство и добрите одбрани тој придонесе за напредокот на резултатите и растот на формат ана тимот во вториот дел од сезоната, остварувајќи пет незатресени мрежи во победите над Леванте, Хетафе, Осасуна, Севилја и Атлетик Билбао“, се вели во соопштението на Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
