Официјално: Гави продолжи со Барса до 2026 година, откупна клаузула 1 милијарда евра

Барселона објави дека го продолжи договорот со фудбалер Пабло Паез Гавира, или познат како Гави до 2026 година. Клубот објави дека играчот има откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Гави првите чекори ги почнува во Бетис, а се сели во Барселона во 2015/2016 на 11 годишна возраст. Веднаш се наметнува во младинските категории и станува дел од Барселона Б, а потоа и на првиот тим на „Каталонците“.

На 29. август 2021 година го одигра својот прв натпревар за сениорскиот тим на Барселона, а од тогаш има одиграно 39 меча за Барса. Во меѓувреме стана и шпански сениорски репрезентативец и забележа 10 настапи за „Фуријата“.

Се вчитува...