Ентони Гордон и официјално стана првото мега-засилување на Барселона за овој преоден рок откако англискиот репрезентативец вечерва го потпиша својот договор со каталонскиот гигант.
Каталонците побрзаа да ги завршат преговорите и да го комплетираат трансферот пред Гордон да замине на мундијалските подготовки и успеаја во тоа.
Најпрвин беше договорена отштетата со Њукасл, во висина од 70 милиони евра, плус десет милиони поврзани со неколку клаузули. Веднаш потоа, експресно беа договорени деталите од соработката со самиот фудбалер, по што тој вчера пристигна на лекарски прегледи, а денеска го стави својот потпис на договорот со Барселона, со важност до јуни 2031 година.
Најава за бурно лето на „Камп Ноу“ кога станува збор за врвни засилувања за тимот на Ханси Флик…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
