Џордан Хендерсон и официјално повлече нога како прва скапо платена ѕвезда што си заминува од Саудиска Арабија, откако англискиот репрезентативец ја прекина соработката со Ал Етифак и вечерва потпиша договор со Ајакс.
Хендерсон минатото лето реши да си замине од Ливерпул и за 14 милиони фунти се пресели во Ал Етифак, откако богатите Арапи му дадоа плата од неверојатни 700.000 фунти неделно. Сепак, искусниот играч за врска набрзо се увери дека не е се во парите, почна да бара излез од договорот, а неговиот агент во изминатите седмици преговараше со неколку заинтересирани клубови.
Хендерсон се откажа од богатство и доби раскин на договорот со Ал Етифак, а единствен услов во преговорите со заинтересираните екипи беше да разговара за перманентен трансфер, не само за позајмица. Поради ова се повлече Јувентус, а челниците на Ајакс беа најупорни,
„Жалам што го напуштам Ал Етифак, ова не беше лесна одлука, но верувам дека е вистинскиот потег за мене и за моето семејство. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот за љубовта што ми ја покажаа од првиот ден, ќе продолжам да навивам за оваа екипа“, изјави Хендерсон, кој потпиша на две и пол години со Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА