Официјално: Интер го потпиша Спенс од Тотенхем

Навивачите на Интер имаат причина за задоволство откако италијанскиот првак се пофали со трансферот на Џед Спенс, англискиот репрезентативец кој настапуваше во одлична форма на изминатиот мундијал во дресот на „гордиот албион“.

Спенс влезе во последната година од договорот и Тотенхем беше принуден да го продаде, а челниците на Интер ја искористија ситуацијата, ги договорија сите детали и денеска го комплетираа овој трансфер.

Интер ќе му плати на Тотенхем 35 милиони евра за Англичанецот, кој се очекува да биде стандарден на десен бек по преселбата на Дамфрис во Реал Мадрид.

Спенс веќе ги имаше договорено личните услови и денеска го стави потписот на петгодишниот договорр со „нероаѕурите“.

Се вчитува...