Официјално: Јувентус го потпиша Кефрен Турам

Јувентус е се поактивен на фудбалскиот пазар, откако беше комплетиран трансферот на голманот Ди Грегорио раководството на „старата дама“ денеска му исполни уште една желба на новиот тренер Тијаго Мота.

Кефрен Турам е нов член на Јуве откако францускиот играч за врска потпиша петгодишен договор со најтрофејниот италијански клуб, за плата од два милиони евра по сезона плус бонуси. Кефрен е син на легендарниот дефанзивец Лилијан Турам кој своевремено настапуваше за Јувентус, а тој токму со својот татко пристигна вчера во Торино и ги мина лекарските прегледи во клиниката на Јуве.

Денеска следеше и официјалниот потпис на договорот, со што Јувентус добива уште еден значаен адут во средниот ред, откако веќе беше ангажиран и Даглас Луиз од редовите на Астон Вила.

Како што информираа челниците на „старата дама“, Турам нема да настапи на ОИ во Париз бидејќи клубот не дал зелено светло за такво нешто, откако на Французинот јасно му било ставено до знаење дека неговата помош ќе биде неопходна од самиот старт на сезоната на Јуве.

Калчолигашот од Торино плати 20 милиони евра за да го доведе овој фудбалер од Ница, а вреди да се напомене и дека неговиот брат Маркус Турам со голем успех настапува за големиот ривал Интер.

Се вчитува...