ОФИЦИЈАЛНО: Јувентус службено го доби мечот со Наполи

Од Италија стигна официјална потврда дека откажаниот меч меѓу Јувентус и Наполи е регистриран со службена победа на Јувентус од 3-0, но и со одземање на еден бод на „наполитанците“.

Во соопштението кратко се наведува дека тимот од Неапол не го испочитувал протоколот за коронавирусот. Тие морале да се појават во Торино и покрај неколкуте заразени во тимот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи ќе упати жалба на одлуката, но мали се шансите одлуката да биде променета.

Се вчитува...