Германскиот репрезентативец Карим Адејеми и официјално е нов фудбалер на Барселона. По четири успешни години во Борусија Дортмунд, брзоногиот офанзивец се сели на „Камп ноу“ како прва голема ѕвезда во летниот преоден рок.
Управата на каталонскиот клуб подолго време го следеше неговиот развој и процени дека ова е вистинскиот момент за трансфер. Иако Адејеми летово остана без повик од Јулијан Нагелсман за настап на Светското првенство во Северна Америка, Барселона му ја укажа довербата и веќе го претстави пред јавноста како клучен играч за новата сезона.
Adeyemi: “Flick is a big part of why I’m here.” pic.twitter.com/aEJ2jZ7dDP
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 23, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
