Официјално: Карлос Алкараз се повлече од настап во Монте Карло

Младиот шпански тенисер Карлос Аклараз официјално се повлече од турнирот во Монте Карло поради повреда на зглобот на десната рака.

Алкараз до последен момент чекаше да добие „зелено светло“ за настап, но не успеа да ја надмине повредата па одлуката ја соопшти на социјалните мрежи.

„Се обидов да ја надминам повредата до последниот момент, но не успеав. Повредата на десната рака е таква за да не можам да играм. Се радував на настапот тука. Се гледаме догодина“, напиша Алкараз на социјалните мрежи.

Ова е трет пати во последните четири години Алкараз да го пропушти турнирот во Монте Карло. Претходно не настапи и во 2021 и 2023 година, додека во 2022 година беше елиминиран од американскиот тенисер Корда во втората рунда.

Се вчитува...