Официјално: Карлос Солер го засили ПСЖ (ФОТО)

Карлос Солер од денеска и официјално е нов фудбалер на ПСЖ откако потпиша договор до 2027 година со клубот од главниот град на Франција. 25-годишниот играч од средниот ред во редовите на „светците“ доаѓа од Валенсија за 18 милиони евра, а трансферот може да стигне и до 21 милион евра со оглед на предвидените бонуси.

Шпанецот кој во сениорската кариера настапуваше само за Валенсија одигра 226 натпревари на кои постигна 36 гола и 31 асистенција.  Добрите настапи му донесоа и место во репрезентацијата на Шпанија.

Се вчитува...