Кармело Ентони своевремено важеше за една од најголемите „ѕвезди“ во НБА-лигата, но големиот пад во неговата форма придонесе поранешниот американски репрезентативец подолго време да биде без клуб, по ланскиот раскин на договорот со Хјустон рокетс.
Се до вечерва, кога раководството на Портланд објави дека постигнало договор за ангажман на одличниот крилен кошаркар, кој веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Финансиските детали не се официјално објавени, но се шпекулира дека доколку Кармело остане во Портланд до крајот на јануари (не биде избркан поради слаба форма), тој ќе добие загарантиран договор од 2,15 милиони долари.
Кармело Ентони ќе го носи дресот со број нула и веќе во следните неколку дена би требало да дебитира во дресот на Портланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА