Официјално: Каземиро кај Меси во Интер Мајами

Бразилскиот играч од средниот ред Каземиро и официјално е нов член на Интер Мајами каде што настапува Лионел Меси. Долго време се шпекулираше со овој трансфер, и сега е потврден.

Каземиро потпиша договор со Интер Мајами на една година, со можност за продолжување на уште две, односно до 2029 година.

„Она што ме мотивира најмногу, а мислам дека ова важи за секој играч, е победата и континуираниот раст. Проектот што ми го претстави клубот, заедно со напорот што сите го вложија за да ме доведат тука, ми значи многу“, рече Каземиро. 

Еден од најистакнатите играчи од средниот ред на денешницата, мина години настапувајќи во Реал Мадрид, со кој освои пет титули во Лигата на шампионите. Во последните четири сезони беше дел од Манчестер Јунајтед, а на крајот од сезоната му заврши договорот и стана слободен агент.

Се вчитува...