Кире Маркоски: Среќен сум што потпишав за Шкендија

Кире Маркоски денеска беше промовиран во тетовска Шкендија. Трансферот кој го најави ЕКИПА пред неколку дена, се реализираше денеска, со тоа што напаѓачот потпиша договор на 1,5 година.

Маркоски во Шкендија доаѓа од таборот на Шкупи, а во минатото играше и за Работнички, АЕЛ Лимасол, Спартак Трнава и Академија Пандев.

„Желбата на секој играч кој игра во домашниот шампионат е еден ден да биде дел од Шкендија. Среќен сум што потпишав за овој клуб кој создава силна екипа која има за цел да ја одбрани титулата и да дојде до успеси во европските натпреварувања. Мислам дека тука можам да се развивам повеќе како фудбалер. Со нетрпение чекам да почне првенство и да го дадам максимумот, и заедно со моите нови соиграчи да постигнеме успех за Шкендија“, рече Маркоски.

Тој веднаш се приклучи на тимот на подготовктие во Анталија.

Се вчитува...