ОФИЦИЈАЛНО: Кликовац, Хмирова и Лазовиќ остануваат во Вардар

Андреа Кликовац, Татјана Хмирова и Барбара Лазовиќ ја продолжуваат соработката со Вардар и по истекот на нивните актуелни договори во јуни 2017 година, објави макеоднскиот шампион на официјалниот клупски сајт.

Татјана Хмирова го продолжи договорот за дополнителни две сезони, исто како и Андреа Кликовац, а Барбара Лазовиќ ќе остана во Скопје уште најмалку една сезона.

Кликовац заедно со Ина Суслина се првите интернационалки што пристигнаа во Вардар уште во 2012 година, и се дел од сите успеси на екипата досега. Хмирова дојде во Вардар во 2013 година, а од 2014 на тимот му се приклучи и Барбара Лазовиќ.

Сите девојки беа дел од настапот на Вардар на Ф4 турнирите во лигата на шампионките каде „црвено-црните” ги освоија бронзените медали. Суслина и Кликовац освоија и четири шампионски титули во домашното првенство и три титули во Купот на Македонија, а Хмирова и Лазовиќ, освоија по три односно две двојни круни.

„Вардар го сочува тимот што сеознава е неприкосновен во Европа. Сметаме дека имаме добра комбинација на играчи кои имаат уште потенцијал во себе и можеме заедно да постигнеме уште повеќе. Сакаме да бидеме стабилен клуб кој ќе ги задржи сите што се вклопуваат во нашата стратешка цел – освојување на Лигата на шампионите. Задоволни сме од нивните настапи, верувам во иднина ќе покажат  уште подобри игри“ – вели Давор Стојановски, извршен директор на Вардар.

Вардар е на првото место во Група 1 во главната фаза од Лигата на шампионите и на три кола до крај на регуларниот дел веќе има обезбеден пласман во четвртфиналето, со серија од осум победи по ред, и десет натпревари без пораз, што е нов клупски рекорд. Во следното коло од ЛШ, на 26 февруари, Вардар во Скопје ја пречекува Будуќност.

Се вчитува...