Официјално: Коло Муани е новата „деветка“ на Јувентус

Јувентус конечно си ја исполни големата желба – да го врати Рандал Коло Муани во своите редови по одличната полусезона во сезоната 2024/25 во која францускиот ас постигна десет гола и три асистенции на 22 средби во црно-белиот дрес.

Јуве минатото лето не успеа да се договори со ПСЖ околу овој трансфер, напаѓачот на крајот заврши на позајмица во Тотенхем, но не се снајде најдобро во лондонскиот клуб и неговото враќање во Јуве и летово стана актуелна тема.

Преговорите траеја повеќе од еден месец, за конечно да биде постигнат целосен договор, Јувентус да плати 38 милиони евра загарантирана сума, плус 12 милиони поврзани со неколку клаузули.

Коло Муани синоќа пристигна на лекарски прегледи, а денеска и официјално потпиша договор на четири сезони и ќе биде новата „деветка“ на најтрофејниот италијански клуб.

Се вчитува...