Официјално: Конате, добредојде во Реал Мадрид

Реал Мадрид по Бернардо Силва претстави уште едно договорено засилување за наредната сезона. Ибрахим Конате е нов член на „кралскиот клуб“ откако францускиот дефанзивец потпиша договор со мадридскиот гигант до 2030 година.

Конате пристигнува како слободен играч по истекот на неговиот договор со Ливерпул, а информациите од Шпанија говорат дека Реал ќе издвојува вкупно 22 милиони евра за бруто годишната плата на овој фудбалер.

Со тоа, новиот тренер Мурињо ја засилува конкуренцијата во одбранбената линија каде се наоѓаат и Ридигер, Хујсен и Милитао, а се уште е неизвесна иднината на младиот Раул Асенсио.

Се вчитува...