ОФИЦИЈАЛНО: Кузмановски во Металург до 2019

Она што беше најавено денеска е и официјално потврдено – македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски го продолжи договорот со Металург до 2019 година. Актуелниот договор на младиот бек кој потекна во младинската школа на Пелистер истекуваше во јуни 2018 година, но на заедничко задоволство постигнат е договор соработката да продолжи за уште една година. По заминувањето на Филип Талески во Рајн Некар Левен, Кузмановски е назначен и за нов капитен на екипата.

Претседателот на Металург, Зоран Цветановски, истакна дека со овој договор продолжува тенденцијата на клубот во своите редови да ги задржи младите талентирани играчи и да се задржи базата и тенденцијата да се посвети максимално внимание на играчите од младинскиот погон.

Настојуваме тие млади репрезентативци да ги задржиме во клубот и да се подигне тоа ниво. Горди сме што постигнавме договор и што нашиот нов капитен Филип Кузџмановски, ќе остане во клубот до 2019. Очекуваме успешна и плодна соработка. Освен Кузмановски ќе се обидеме да ги задржиме сите тие млади играчи што се во тимот и да се донесат уште неколку нови од младинскиот погон. Металург како клуб останува на својата стратегија да произведува и да издигнува млади ракометари од својот погон, во што голема улога имаат нашиот тренер Лино Червар и спортскиот директор Ванчо Димовски“ – истакна претседателот на Металург.

Се вчитува...