Официјално: Лампард е нов тренер на Евертон!

Поранешниот англиски репрезентативец Френк Лампард и официјално стана менаџер на Евертон, на чија клупа ќе го наследи Рафаел Бенитез, кој беше отпуштен пред нешто повеќе од две недели.

Оваа информацијата беше потврдена од клубот на официјалната веб-страница, а поранешниот менаџер на Челси потпиша договор до летото 2024 година година. Лампард ќе го направи своето деби во Евертон на 5 февруари, кога неговиот тим ќе се сретне против Брентфорд во четвртото коло на ФА Купот.

Поранешниот фудбалер е почестен што ќе го води тимот на Евертон. Лампард се враќа на менаџерската позиција по една година, кога беше отпуштен од Челси, а на негово место беше ангажиран Томас Тухел.

 

 

 

 

 

Се вчитува...