Официјално: „Лудакот“ Биелса, тренер на Алиоски во Лидс

Езгијан Алиоски ќе има можност да учи и напредува под окото на врвен фудбалски стратег откако Лидс денеска и официјално го именуваше Марсело Биелса за свој менаџер. Аргентинецот, кој го има прекарот „лудак“ беше поврзуван триесетина дена со тимот на Алиоски, за денеска и официјално да биде потпишан двогодишен договор.

Ангажманот на Биелса е јасен знак дека челниците на Лидс очекуваат атак на врвот на табелата во Чемпионшип-дивизијата и влез во Премиер-лигата. Станува збор за стратег за кого и Пеп Гвардиола и Маурицио Покетино изјавуваат дека бил нивни ментор на почетоците од тренерските кариери. Биелса своевремено беше селектор на Аргентина, потоа ја водеше и селекцијата на Чиле, а минатата сезона ја почна во Лил, каде доби отказ по недоразбирањето со управата на клубот.

Едно е јасно, Алиоски добива можност да работи со стратег од највисока класа, што му овозможува на македонскиот репрезентативец уште повеќе да напредува како играч.

Се вчитува...