ОФИЦИЈАЛНО: Лука Циндриќ е нов ракометар на Динамо Букурешт

Поранешниот ракометар на Вардар и хрватски репрезентативец, Лука Циндриќ потпиша тригодишен договор со романскиот клуб Динамо Букурешт.

Она за што се шпекулираше последните неколку дена денеска и официјално е потврдено. Циндриќ ја напушта Барселона поради финансиските проблеми во кои се наоѓа каталонското спортско друштво.

Хрватскиот репрезентативец потпиша тригодишен договор со романскиот клуб, а во Букурешт ќе игра заедно со неговиот сонародник Анте Кудуз, кој годинава стана нов романски репрезентативец.

Динамо Букурешт сезонава ќе настапува во Лигата на Европа, откако не доби вајлд-кард за Лигата на шампионите.

Се вчитува...