ОФИЦИЈАЛНО: Мечот во Дортмунд одложен за утре

Натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Монако што требаше да се игра вечерва во рамките од четвртфиналето од Лигата на шампионите е презакажан за утре, по сериозниот инцидент што се случи откако експлозија го оштети автобусот на домашниот тим на патот кон стадионот, при што повреден беше првотимецот на Борусија, Марк Бартра.

По консултациите на челниците на домашниот тим со претставниците на полицијата, како и со раководството на УЕФА, беше донесена одлука од безбедносни причини натпреварот да не се игра вечерва, туку да се презакаже за утре со почеток во 18.45 часот.

Се вчитува...