Официјално мерење: Фјури е многу потежок од Вајлдер

Светскиот првак во ВБЦ верзијата во супертешка категорија, Деонтеј Вајлдер вечерва ќе се обиде да ја одбрани титулата во дуелот од поранешниот шампион на светот во верзиите ВБА супер, ВБО; ИБФ И во ИБО, Тајсон Фјури. Конкурентите се соочија на официјалното мерење од кое наспроти вообичаената пракса, поради тензиите меѓу боксерите немаше телевизиски пренос.

Фјури е значително потежок од противникот. Мечот во Лас Вегас го дочекува со 123,8 килограми, додека Американецот има 19,4 килограми помалку или 104,4 килограми. Ова ќе биде втор дуел меѓу Фјури и Вајлдер, претходниот во 2918 година заврши без победник по 12 рунди.

Во 43 професионални борби, Вајлдер има 42 победи, а Фјури има 29 победи и едно реми во 30 борби. Големата пресметка е закажана за 5.30 часот по средноевропско време.

 

 

 

Се вчитува...