Официјално: Мумбру е нов селектор на Германија

Шпанскиот стратег Алекс Мумбру од денеска и официјално е нов селектор на германската кошаркарска репрезентација. Младиот тренер на оваа позиција го заменува Горди Херберт кој на Германија и го донесе најголемиот успех во историјата – титулата светски шампион и четвртото место на неодамнешните Олимписки игри.

За 45-годишниот Мумбру тоа ќе биде прв предизвик на селекторско место откако претходно ги предводеше шпанските прволигаши и учесници во европските натпреварувања Билбао и Валенсија.

„Сакам да се заблагодарам од се срце. Превозбуден сум што ќе ја имам шансата да бидам главен тренер на еден од најдобрите национални тимови во светот. Мојата желба е да и помогнам на германската кошарка и брзо да станам дел од германската кошаркарска фамилија“, вели Мумбру.

Мумбру првиот меч на клупата на светските шампиони ќе го има против Шведска во квалификациите за Евробаскет 2025 година, натпревар кој ќе биде одигран на 22. ноември.

Се вчитува...