Тимот кој што изминативе две сезони најави подобри денови за мак-баскетот, МЗТ Скопје 2 и следната сезона ќе има прволигашки статус откако денеска и официјално беше одбиена жалбата на КК Вардар за изземање на одлуката за службена победа на „сино-белите“ по нерегуларностите во вториот натпревар од плеј-аут серијата помеѓу овие два клуба.
Како потсестување, МЗТ Скопје 2 и Вардар се најдоа во плеј-аутот на првенството по што „сино-белите“ славеа во првиот меч, додека „црвено-црните“ го одбранија домашниот терен во вториот натпревар и закажаа „мајсторка“ во Аеродром, но пропустот во редовите на тимот од „Кале“ кој на натпреварот настпи со кошаркар кој не беше пријвен за мечот се испостави како кобен по прволигашкиот статус на еден од најстарите кошаркарски клубови во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА