Официјално: Неагу го избра ЧСМ Букурешт

Кристина Неагу си заминува од Будуќност, но Вардар нема да биде следна дестинација на извонредната романска репрезентативка. Та се враќа дома и во следните две сезони ќе го носи дресот на ЧСМ Букурешт, откако постигна договор со раководството на актуелниот европски шампион. Македонскиот првак искажа сериозен интерес да ја доведе Неагу во своите редови, но на крајот како пресудна се покажа желбањта на Романката да се врати во татковината.

Пресреќна сум што се враќам дома и за првпат во кариерата ќе имам можност да играм во мојот роден град. Една од најголемите желби ми е да ја освојам Лигата на шампионите со романски клуб, искрено верувам дека оваа желба може да ми се исполни со ЧСМ Букурешт“ – изјави Неагу по потписот на двогодишниот договор.

Неагу ја почна професионалната кариера во Брашов по што настапуваше за тимот на Олчим, а од 2013 година се пресели во редовите на Будуќност. Заминувањето на Романката е уште еден доказ за големиот пад на црногорскиот првак, кој летово ќе остане и без Драгана Цвијиќ, која доаѓа во Вардар, како и без Катарина Булатовиќ, која својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Ростов.

Се вчитува...