ОФИЦИЈАЛНО: Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ се најде на листата пријавени тенисери за првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен.

Со тоа Ѓоковиќ ги разреши сите дилеми дали е вакциниран или не, бидејќи во државата Викторија, во која се наоѓа Мелбурн не е дозволено да допатуваат луѓе од други земји кои не се вакцинирани против коронавирус.

Тоа значи дека Србинот ќе се бори за 10. титула во Мелбурн и рекордната 21. на гранд-слем турнирите. На листата на пријавени од фаворитите покрај Ѓоковиќ се најдоа и Данил Медведев, Александар Зверев, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Рафаел Надал, Матео Беретини, Јаник Синер, Доминик Тим…

Турнирот во Мелбурн стартува на 17. јануари.

Се вчитува...