ОФИЦИЈАЛНО: Новак Ѓоковиќ нема да игра на АТП купот во Сиднеј

Новак Ѓоковиќ нема да биде дел од репрезентацијата на Австралија на АТП купот кој ќе се игра во Сиднеј на стартот на новата година. Главна вест е дали Србинот е вакциниран и дали ќе може да замине во Австралија, земја во која не е дозволен влез за луѓе кои не се вакцинирани против ковид-19.

Тоа дополнително ги разгорува муабетите за тоа дали првиот рекет на светот ќе може да ја брани титулата на Австралија опен и дали челниците на турнирот, но и властите во сојузната држава Викторија ќе му дозволат влез.

 

Се вчитува...