Саша Обрадовиќ веќе не е тренер на кошаркарскиот клуб Црвена звезда. Клупското раководство утрово донесе експресна одлука за прекин на соработката, непосредно по болната елиминација од вечниот ривал Партизан во полуфиналето на АБА лигата.
Иницијативата за смена ја покренаа навивачите, а раководството ја потврди по серијата слаби резултати. Покрај неуспехот во регионалната лига, на Обрадовиќ му се замерува и десеттото место во Евролигата, како и нарушената атмосфера во тимот.
Епизодата на Обрадовиќ, кој во ноември го наследи Јанис Сферопулос, започна одлично со седум последователни победи и најави за пласман на „фајнал-фор“. Сепак, и покрај освоениот Куп, формата на екипата драстично падна во клучниот дел од сезоната.
Црвена звезда ќе ја заврши оваа натпреварувачка година со трет шеф на стручниот штаб. Како најсериозен кандидат за привремен предводник на тимот во моментов се споменува Милан Томиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
