Официјално: Очоа ќе брани во „Серија А“

Мексиканскиот репрезентативец Гилјермо Очоа на 37-годишна возраст ќе се врати назад во Европа, и тоа како голман на италијанскиот прволигаш Салернитана.

Тимот од Салерно беше принуден да побара нов голман по повредата на Луиџи Сепе, а изборот падна врз искусниот Мексиканец. Тој денеска и официјално го потпиша договорот со важност до крајот на сезонава, но и со можност за продолжување за уште една дополнителна година.

Очоа пристигнува од редовите на Клуб Америка од Мексико, каде имаше плата од три милиони евра, но во Италија ќе заработува далеку помалку. Само за потсетување, искусниот голман во кариерата има настапувано и за Ажаксио во Франција, за Малага во шпанската Ла Лига, како и за Стандард Лиеж во белгискиот шампионат.

Се вчитува...