Откажани АТП и ВТА турнирите во Мадрид

АТП Мастерсот и ВТА премиер турнирот во Мадрид нема да се одржат во 2020 година, потврдија организаторите. Иако првобитно поради пандемијата предизвикана од коронавирусот турнирот беше одложен за периодот од 12. до 20. септември, сепак нема да се игра тенис во главниот град на Шпанија.

Организаторите се одлучија да го откажат турнирот по препораки кои ги добиле од локалната власт и медицинските работници. Коронавирусот како и во целиот свет така и во Шпанија се уште е голема закана за здравјето на сите, па затоа организаторите одлучија дека не сакаат ништо да ризикуваат.

Турнирот во Мадрид следната сезона на програмата ќе биде од 30. април до 9. мај.

 

Се вчитува...