Ергин Атаман не е повеќе тренер на Панатинаикос, откако клубот се одлучи да се раздели од турскиот тренер, по неуспешната сезона во која клубот не дојде до трофеите во грчкиот шампионат и во Евролигата.
Атаман ги предводеше атинските зелени во последните три години, со кои освои една титула во Евролигата, и еден трофеј во првенството на Грција, како и два пехари во Купот.
Турчинот во минатото ги водеше Анадолу Ефес, Галатасарај, Бешикташ, Ефес Пилсен, Болоња, Улкер, Монтепаски, Пинар Каршијака, Турк Телеком, а тренерската кариера ја почна како асистент во Ефес во 1992 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
