Легендата на македонскиот ракомет, Стевче Алушовски, не е повеќе тренер на Е. Пелистер по само три месеци поминати на клупата на битолчани.
Алушовски поднел оставка веднаш по шокантната елиминација од Охрид во полуфиналето на Купот на Македонија, за да раководството на Пелистер денеска и официјално ја потврди разделбата со досегашниот тренер.
„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот ја прифати и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа. До крајот на сезоната екипата ќе ја води асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов“ – информираа официјално од РК Е. Пелистер.
Иако Алушовски пристигна како замена за Рубен Гарабаја со мисија да ја спаси сезоната, но резултатите изостанаа. Под негово водство, тимот не успеа да се наметне во Лигата на шампионите, а по дебаклот во Купот, „пелистерци“ се соочуваат и со губење на титулата во домашното првенство.
Прв предизвик за Лембанов ќе биде вечното дерби против Вардар во Скопје на почетокот на мај, каде Пелистер ќе се обиде да го поправи впечатокот во оваа, за нив, разочарувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

