Официјално познат датумот кога ќе се одлучува судбината на Реал Мадрид

Tрката за нов претседател на Реал Мадрид официјално започна. Oбјавен e и официјалниот датум кога ќе се одржи гласањето по кое ќе се одлучи судбината на Реал Мадрид.

Флорентино Перез и Енрике Рикелме се во трката за нов прв човек, па јасно е дека се очекува голема борба околу тоа кој ќе го води Реал Мадрид.

Реал Мадрид објави официјално дека претседателските избори ќе се одржат во недела, 7 јуни, во спортскиот центар Валдебебас.

Членовите што имаат право на глас можат да гласаат од 9 до 20 часот и ќе одлучат кој ќе биде претседател на Реал Мадрид.

Реал Мадрид имаше ужасна сезона и никој во клубот не сака нешто вакво повторно да се случи. Тие не освоија ниту еден трофеј оваа сезона, а дополнително, нов шок дојде од селекторот на Шпанија, кој не повика ниту еден играч на Реал Мадрид на Светското првенство.

Ова е прв пат Шпанија да игра на Светското првенство без играч од Реал Мадрид.

Се вчитува...