Официјално пуштена новата трибина на стадионот во Чаир (ФОТО/ВИДЕО)

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини во друштво на претставници на општина Чаир, претставниците на македонската Влада но и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска официјално ја пушти во употреба новата трибина на стадионот во Чаир.

Трибината беше промовирана преку натпреварот од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкупи и Борец кој на крајот заврши со триумф на чаирчани од 3-0.

Новата трибина на стадионот во Чаир беше градена со средства на ФФМ преку УЕФА Хет-трик програмата и општина Чаир со поддршка на градоначалникот Висар Ганиу.

Се вчитува...