Официјално: Родриго де Пол потпиша за Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид ја победи конкуренцијата и го официјализираше трансферот на ѕвездата на Удинезе, Родриго де Пол. Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Пол играше фантастично во Удинезе и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.

Интерес за Аргентинецот покажуваа уште Милан и Јувентус, но Атлетико успеа да ја победи конкуренцијата.

„Јорганџиите“ постигнале договор со Удинезе и за потписот на Де Пол ќе платат 35 милиони евра плус бонуси. Меѓусебната соработка е договорена на пет години, а станува збор за одличен офанзивен фудбалер и супер голгетер кој често знае и да асистира на своите соиграчи.

 

 

 

 

Се вчитува...