ОФИЦИЈАЛНО: Серџо Скариоло веќе не е тренер на Реал Мадрид

Серџо Скариоло повеќе не е шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид, откако денеска и официјално беше прекината соработката меѓу двете страни.

Клубот соопшти дека разделбата е спогодбена, со што завршија неколкудневните преговори околу предвремениот прекин на договорот кој имаше важност уште три сезони. Главната пречка во разговорите беше висината на отштетата, прашање кое раководството на „кралевите“ и италијанскиот стратег конечно успеаја да го затворат.

Управата на Реал Мадрид уште пред неколку дена започна активна потрага по неговата замена, а името на новиот предводник на тимот се очекува да биде соопштено набрзо.

Се вчитува...