Официјално: Серена ќе игра сингл на Вимблдон

Серена Вилијамс се враќа на тенисот, и тоа на најголемата сцена – легендарната Американка ќе настапи на во сингл-конкуренција на претстојното издание на Вимблдон, потврдија вечерва организаторите на овој реномиран турнир.

Ветеранката минатата седмица се врати во дубл-конкуренција на турнирот во Квинс, одигра две средби, но нејзината партнерка заработи повреда и настапот беше предвреме завршен, но Серена покажа знаци на враќање во посакуваната форма, секако со траги од четиригодишната пауза по повлекувањето од „белиот спорт“.

Таа не криеше дека желба и е да се појави на Вимблдон, а организаторите не ја пропуштија можноста да и излезат во пресрет, доделувајќи и вајлд-карта со која помладата сестра Вилијамс ќе биде дел од овој тениски спектакл.

Серена Вилијамс има седум титули во сингл на Вимблдон.

Се вчитува...