ОФИЦИЈАЛНО: Серхио Рамос е нов фудбалер на ПСЖ

Серхио Рамос е нов фудбалер на Пари Сен Жермен, потврдија повеќе европски извори. Доскорешниот капитен на Реал Мадрид како слободен играч ќе премине во Париз каде ќе потпише двегодишен договор.

Со доаѓањето на Рамос, ПСЖ и дефинитивно ќе биде прв фаворит за освојување на титулата во Лигата на шампионите, бидејќи по се изгледа ќе успеат да ги задржат и Нејмар и Килијан Мбапе, а во тимот веќе ги доведоа и Џанлуиџи Донарума, Џорџино Вајналдум и Ашраф Хакими.

Серхио Рамос на „Сантијаго Бернабеу“ помина 16 години во кои со „кралевите“ успеа дури четири пати да ја освои Лигата на шампионите.

Се вчитува...