Официјално: Стеауа ја пополнува „дупката“ во СЕХА

Веќе нема никакви дилеми, романскиот прволигаш Стеауа ќе биде десеттиот учесник во новата сезона од СЕХА-лигата, официјално потврди денеска Извршниот комитет на регионалното ракометно натпреварување.

Челниците на СЕХА долго време преговараа со Веспрем за камбек на унгарскиот гигант, во меѓувреме пропадна и опцијата за вклучување на Кјелце, па за пополнување на „дупката“ послужи Стеауа, клубот што не играше ниту финале во романското првенство минатата сезона.

„Кога ја добивме поканата од СЕХА, сите ракометари беа многу среќни бидејќи ова е ново искуство за нашиот клуб. Ќе биде убаво да се видат врвни ракометни клубови во нашиот град“ – изјави генералниот менаџер на Стеауа, Василе Стинга.

Вардар и Металург повторно ќе ја претставуваат Македонија во ова натпреварување, во кое ќе учествуваат и Мешков Брест, Извиѓач, Нексе, Загреб, Татран Прешов, Војводина и Железничар.

Се вчитува...