Официјално: УЕФА почна постапка против Црна Гора за расизам

Европската фудбалска федерација (УЕФА) почна дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Црна Гора поради расистички испад на навивачите на квалификацискиот натпревар против Англија за пласман на Европското првенство 2020 година. Фудбалската федерација на Англија поднесе пријава до УЕФА во која пишува дека навивачите на Црна Гора на расна основа ги навредувале црномурестите фудбалери на гостинскиот тим.

За ситуацијата по натпреварот во Подгорица, говореше и селекторот на Англија, Герет Саутгејт, но и фудбалерите на Манчестер Сити и Челси, Рахим Стерлинг и Калум Хадсон – Одои.

Покрај постапката за расистичко однесување, против Црногорците е почната и постапка поради употреба на пиротехника, фрлање предмети на терен и нереди на трибините. Одлуката околу казната ќе биде донесена на 16. мај, соопштија од УЕФА. Англија натпреварот против Црна Гора го доби со убедливи 5-1.

Се вчитува...