Официјално – Вајлдер и Фјури во ринг на 22. февруари во Лас Вегас

Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури и официјално закажаа меѓусебна борба за шампионската титула во тешка категорија за ВБЦ појасот на 22. февруари во Лас Вегас. Вајлдер ќе го брани појасот по вторпат против Фјури.

„Официјално. На 22. февруари гледајте ме во ‘Гранд арената МГМ’ како ќе го го нокаутирам Деонтај Вајлдер“ – информираше Фјури.

Па, веднаш следеше и одговорот од Вајлдер.

„На 22. февруари ќе го завршам она што го започнав претходно, а овој пат Тајсон Фјури нема да стане толку брзо“ – истакна Вајлдер.

Инаку, првиот дуел на двајцата во декември 2018 година заврши нерешено. Фјури беше подобар во поголемиот дел од мечот, но Американецот во последната рунда го нокаутираше Британецот кој успеа да застане на нозе.

Се вчитува...