ОФИЦИЈАЛНО: Вест Хем му врачи отказ на Потер

Екипата на Вест Хем остана без тренер откако официјално се одлучи да му врачи отказ на Грем Потер, после слабиот старт на сезоната во Премиерлигата. Тимот од Лондон има пет порази во првите шест натпревар од Премиерлигата, а исто така тимот беше елиминиран и од Лига Купот од Вулверхемптон.

Потер го презеде клубот во јануари 2025 година. Во 25 меча под негово водство, тимот има само шест победи. Шпекулациите дека ќе биде разрешен беа погласни во последните неколку дена, а денеска официјално тоа се случи.

Нуно Еспирито Санто, Славен Билиќ и Гери О’Нил се споменуваат како можни наследници на Потер.

Се вчитува...