Официјално: Владица Брдаровски е нов фудбалер на Шкупи

Тимот на Шкупи, денеска и официјално потпиша едногодишен договор со дефанзивецот на десното крило, Владица Брдаровски , со кого ја засилија конкуренција во одделот за одбрана.

Брдаровски доаѓа од редовите на косовскиот тим, ФК Дрита, каде минатата сезона, забележа 22 настапи.
Во локалното првенство, тој беше дел од тимот на Вардар, каде што на 116 настапи, постигна 5 гола и асистираше 15 пати.

Брдаровски на 22 години дебитираше со дресот на репрезентативецот на Македонија против Полска во пријателски натпревар.

По презентацијата на официјална веб-страница на Шкупи, новиот дефанзивец, изрази задоволство што ќе биде дел од тимот од Чаир и што ќе го води селекторот, Гоце Седлоски.

„По една година се враќам во првата фудбалска лига на Македонија и морам да кажам дека сум многу среќен. По многу разговори, заедно со скопскиот тим, успеавме да потпишеме едногодишен договор, бидејќи моите и амбициите на клубот се големи и заедно ќе се бориме за титулата и другите успеси. Пред нас имаме силни конкуренти како Шкендија, Академија Пандев и Струга, но јас веќе имам многу добри и силни соиграчи, кои лично ги познавам, додека на врвот како предводник го имаме тренерот Гоце Седлоски, со кого ќе ни биде уште полесно, бидејќи тој е еден од најдобрите на оваа позиција и тренер што знае да ја освои титулата, па токму поради тоа јас сум многу среќен што ќе ме предводи тој. На сите наши играчи им посакувам сезона со многу успеси, а ние им ветуваме на нашите навивачи дека ќе се бориме за високи цели“ , изјави Владица Брдаровски, по потпишувањето на договорот.

Владица Брдаровски, во текот на кариерата во локалното првенство, играше и за екипата на Работнички и Пелистер од Битола.

Се вчитува...