ОФИЦИЈАЛНО: Жоан Канељас потпиша двегодишен договор со ПИК Сегед!

Тоа што беше најавено од претходно, Жоан Канељас и официјално промовиран во редовите на унгарскиот ПИК Сегед.

31-годишниот Канељас потпиша двегодишен договор со Унгарците каде се сели од јуни од редовите на Вардар.

„Среќен сум што може да соопштиме дека Жоан Канељас ќе го засили ПИК Сегед од ова лето“ – изјави извршниот директор на клубот.
Канељас предтходно во својата кариера настапуваше за Грањолес, Барселона, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Хамбург и Кил. Жоан Канељас е само еден од бројните ракометари кои на крајот од сезоната го напуштаат Вардар, покрај Циндриќ, Македа, Штербик, Марсениќ, Абутовиќ, Борозан и тренерот Раул Гонзалес.

Се вчитува...