Офсајд за „нос“ или рака повеќе нема да се суди во Англија

„Форензичарите во фудбалот“ не најдоа позитивен одговор кај навивачите на најважната споредна работа во светот. Конечно, тие ја сфатија грешката во Англија и најавија бројни промени во судењето.

ВАР системот и судиите во Премиер лигата дефинитивно повеќе нема да глумат форензичари.

Мајк Рајли, поранешен англиски судија и прв човек на судиската организација во Премиер лигата, зборуваше за промените, кои треба да ја забрзаат играта, да ја подобрат ефикасноста и помалку да ги иритираат фудбалските фанови.

„Ова значи дека тимовите на ВАР повеќе нема да интервенираат поради маргинални прекршувања. Ќе ги преанализираме малите офсајди, но прагот на толеранција ќе биде многу поголем. Головите повеќе нема да бидат откажани поради нос, рака или нокти на нозете. Статистички, минатата сезона беа поништени 20 гола поради ситуации во кои се користеше „форензичка техника“. Тоа значи дека во новата сезона ефикасноста треба да биде поголема“, рече меѓу другото Мајк Рајли.

 

 

 

 

Се вчитува...